Кофеинот во мајчиното тело ги интензивира бебешките движења

Идните мајки кои дневно пијат по неколку шолји кафе ризикуваат да го одложат терминот на породување-покажало едно норвешко истражување, објавено во списанието BMC Medicine.

Кога се мисли на продолжување на престојот на бебето во удобната средина во мајчината утроба, се мисли на одложување на чинот на породување во просек за 24 часа.

До овој резултат научниците дошле анализирајќи повеќе од 60,000 бремености во периодот од десет години.

Кофеинот преку постелката преминува во крвотокот на плодот.

Срцето на плодот поради влијанието на кофеинот може да почне забрзано да чука што може да резултира со интензивирање на движењата на бебето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk