Кој витамин ви е потребен за здраво срце

Витаминот Д го лекува оштетеното срце-во буквална смисла, велат научниците.Според истражувањето презентирано на состанокот на организацијата American College of Cardiology, витаминот Д значително може да ја зголеми способноста на срцето да испумпува крв низ целото тело.

Кај здравите личности кои немаат проблем со срцеви заболувања, при секое отчукување на срцето се испумпува околу 60% крв која се наоѓа во срцето, додека пак, кај лицата што страдаат од кардиоваскуларни заболувања, таа количина на испумпана крв е значително помала, дури за една четвртина.

Имено, лицата кои што страдале од кардиоваскуларни заболувања, а земале дополнителни суплименти богати со витамин Д, ја зголемиле испумпаната крв за 34%. Според наодите, срцето ја намалува својата маса, станува појако и попродуктивно.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk