Кој е првиот критичен момент за развој на деформитет на рбетниот столб

Деформитетите на стапалата, колената и рбетниот столб кај децата се резултат на неправилното држење на телото, неправилното седење во текот на учењето или извршувањето на некоја друга активност, прекумерната тежина или недостатокот на физичка активност.
Тие се јавуваат најчесто кај деца и млади кај кои растот сеуште не е завршен, односно чии мускули и зглобови не се сеуште во целост зрели и не можат да го поднесат оптоварувањето на кои се изложени.

Првиот критичен момент за нивна појава е периодот на исправувањето на малото дете од положбата “на сите четири”, најнапред во седечка а тоа и во стоечка положба, како и во периодот на правењето на првите чекори.

Многу родители со нетрпение ги очекуваат тие моменти и ги поттикнуваат без да знаат дека за моторички незрелото дете тоа може да има лоши последици.

Прераното и форсирано учење на бебето да седи или оди, користењето на дубак, проодувалки или слични справи можат да го попречат моторниот развој и да доведат до појава на деформитети со сериозни последици.

Најчесто, доаѓа до деформитет на рбетниот столб и неправилен развој на стапалото кај детето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk