Кој е првиот учител за лажење на децата

Велиме дека децата се огледало на родителите. Но, треба да внимаваме какви особини пресликуваме во тоа мало човече.

Џенгис Акаја е лекар кој работи на Медицинскиот факултет при Униврезитетот “Улудаг” во Бурса. Тој во своите многубројни публикации вели дека прв учител за лажењето на децата се токму родителите.

“Децата ја развиваат својата личност усвојувајќи некои особини од родителите. Но, во тој процес не се усвојуваат само позитивните страни на нивните личности. Кога нашите родители ќе изговорат барем и најмала лага, ние постепено се навикнуваме на лагата без да го приметиме тоа. И најмала лага е доволна во детскиот мозок да се формира нешто што е познато како дозвола за лажење”-вели Џенгис Акаја.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk