Кој заштитен фактор е најдобар за децата

Доколку се уште не сте заминале на годишен одмор се уште имате време да го направите тоа. Секако кремата за сончање  е неизоставен дел од патната аптека која ќе ја понесете со вас. Кога бирате препарат за заштита од сонце, внимавајте на квалитетот и составот. Средството мора да биде водоотпорно и да штити од UVA и UVB зраци.

Експертите, меѓутоа препорачуваат кремите со заштитен фактор да се користат и пред секојдневното излегување од дома, за лицето и оние делови од телото кои не се покриени со облека.

Препораката кога купувате производи за заштита од сонце е да бирате препарати од реномирани производители чии производи се нашле на пазарот по долгогодишни испитувања. Корисете препарати кои имаат ознаки 1.SPG и UVA PF. Тоа значи дека препаратот истовремено штити од  UVB и UVA зраците, велат дерматолозите.

Се препорачува да се нанесуват околу 2 милиграми на 2 сантиметри кожа, што е отприлика околу 30 милилитри за целото тело. Со нанесување на помала количина, и заштитата ќе биде помала.

Важно е заштитниот фактор да не биде помал од 30, додека за децата и луѓето со посветол тен се препорачува заштитен фактор 50.

Особено важно е да се намачкате половина час пред да излезете надвор на отворено. Нов слој од заштитата треба да нанесувате на секои два-три часа, а особено по излегувањето од вода поради интензивното потење.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk