Креативните и фантазерите пијат најмногу чај

Често пиете чај? Тоа е добро, бидејќи според последното истражување на тим психолози на Универзитет во Пекинг, покажа дека голема е веројатноста луѓето кои пијат чај да бидат повеќе креативни и да имаат бујна фантазија. Во истражувањето биле вклучени 50 студенти по 20 годишна возраст.

Половина од студнетите секој ден пиеле црн чај, а другата половина пиеле обична вода. Психолозите ги следеле нивните когнитивни и креативни вештини со помош на разни тестови.

Во првиот тест, студентите морале да креираат зграда од блокови во различна форма, а во другиот тест морале да осмислат име за ресторан. Нивните резултати потоа ги анализирале стручњаци кои не учествувале во истражувањето. Студентите кои секојдневно конзумирале чај освоиле повеќе бодови за креативност во двете тестирања.

Според резултатите, пиењето чај пред било каква задача, ја зголемува когнитивната вештина кај луѓето. Меѓутоа, тоа не значи дека луѓето кои подолг период пијат чај ќе станат покреативни. Чајот содржи супстанции кои го опуштаат мозокот, поради кои луѓето поопуштено ги употребуваат своите капацитети и со самото тоа размислуваат многу покреативно.

Доколку Ви е потребна концентрација пред да започнете со работа или учење, претходно напијте се топол чај.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk