Кремаста кашичка со пилешко месо

Вистински  деликатес за бебиња постари од една година.

Потребни состојки:
– две лажици путер
– една лажица интегрално брашно
– половина шолја млеко
– 100 грама исецкано и сварено пилешко месо
– 20 грама исецкан и сварен компир
– 1 лажица рендан кашкавал

Начин на подготовка:
Во сад на оган стопете го путерот. Додајте го брашното и налејте го млекото. Варете на тивок оган се додека не добиете глатка смеса. Кога ќе почне да се згуснува додадете го пилешкото месо кое претходно сте го изблендирале заедно со компирот. Варете уште три минути постојано мешајќи.
Сипете ја кашичката во чинија и наросете рендан кашкавал.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk