Како спиењето влијае врз плодноста

Објавено на: Nov 09, 2016 од Мама Ане

Што е тоа што еден пар го прави исклучително плоден, додека други со месеци се мачат додека да се случи посакуваното зачнување на бебето, во голем број случаи претставува мистерија.
Иако често се случува до неплодност да се дојде поради влијание на фактори над кои парот нема контрола, се повеќе истражувања покажуваат дека во некои случаи одредени животни навики можат да направат значителна разлика.

Во овој контекст пред се се мисли на спиењето и начинот на исхрана.

Едно неодамнешно истражување покажало дека жените кои работат во смени можат да имаат пореметување на менструалните циклуси и со тоа да се отежне процесот на забременување.

Исто така, докажано е дека ноќната смена го зголемува ризикот за појава на потешкотии при зачнувањето за 30%.

Од друга страна пак, редовниот сон, односно спиењето во континуитет од седум до осум часа во текот на ноќта е поврзано со подобри резултати што се однесува до ин витро оплодувањата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…