Лековитите својства на невенот

Невенот е билка која уште од дамнина се користи за подготовка на масти и мелеми за брзо заздравување на раните бидејќи има неверојатно антисептично дејство.

Невенот е идеална билка за лекување на надворешни и внатрешни заболувања, бидејќи го забрзува потењето, го зголемува излачувањето урина, ги смирува грчевите на цревата, желудникот и на мазните мускули и е поволен за слузокожата на овие органи, го урамнотежува месечниот циклус – аменореја, лекува болести на нервите, болести на внатрешните органи, црниот дроб, жолчката и на жолчните канали.

Чајот од невен, исто така, се користи за разни измивања при повреди, воспаленија и инфекции, декубитуси и модрини, лековито дејствува и при болести на вените, ги ублажува тегобите на атеросклерозата.

Важна примена наоѓа и неговото антиканцерогено дејство и тоа при рак на кожата, матката и желудникот. Невенот, исто така, е многу значаен бидејќи има моќ за подобрување на имунолошкиот одговор на организмот. Невенот е познат детоксификатор и се користи во разни комбинации со други билки за прочистување на крвта.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk