Лековитите својства на ренот

Објавено на: Jan 01, 2017 од Мама Ане

 Ренот со своите лековити својства се чини со право го завзема своето место меѓу значајните природни лекови и третмани во народната медицина.

Неговите состојки го спречуваат размножувањето на бактериите и имаат смирувачко дејство на дишните патишта и белите дробови.

Ренот ги намалува симптомите при воспаление на грлото, воспаление на дишните патишта и белите дробови.

Ако се зема рен со мед подолго време, се подобрува работата на сите жлезди со внатрешно лачење и се подобрува метаболизмот односно размената на материите во организмот.

Ренот помага во намалувањето на болките при реума и гихт, ја подобрува работата на бубрезите и мочните патишта, а корисно делува и на органите за варење. Ренот ја подобрува работата на цревата и го „чисти“ организмот од отрови.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…