Лековитите својства на сокот од домати се непроценливи

Доматите се зеленчук кој во себе крие мноштво лековити својства. Со нивно редовно конзумирање може да се постигне регулација на метаболизмот благодарение на диуретичките својства кои што ги поседува. Во минатото, народната медицина го препишувала доматот како лек за дигестивни нарушувања, болести на панкреасот и црниот дроб.
Доколку секојдневно јадете свеж непосолен домат, прелиен со маслиново масло и оставен во фрижидер да отстои околу еден час, на природен начин ќе го намалите (регулирате) високиот крвен притисок.

Исто така, доматот се покажал делотворно и во случај на астма, пневмонија и анемија.

Сепак, најголемата лековитост ја има во сокот од домати. Но не во оној сок од домати што може да се купи во маркетите или домашните кечапи кои што ги подготвувате за во зимните денови кои што се термички обработени и полни со додатоци за подобрување на вкусот и овозможување на долготрајност. Лековитоста потекнува од свежо исцедениот сок од домати без додавање на никакви зачини. Ако секојдневно пиете по една чаша од овој сок тој ќе придонесе да се спречи евентуалната тромбоза што е многу важно особено за оние луѓе кои што имаат дијабетес тип 2. Истовремено со неговата редовна конзумација ќе го подигнете нивото на енергија во организмот, а телото ќе го ослободите од непријатните мириси.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk