Лекувањето на аменореата секогаш започнува со лекување на нејзиниот причинител

Аменореата претставува отсутност на менструалното крварење.

Постојат два типа на аменореа-примарна и секундарна.
Примарната аменореа се однесува на девојчињата во периодот од четрнаесеттата до седумнаесеттата година од животот, кај кои сеуште не е воспоставен нормалниот месечен циклус но при тоа се бележи нормален развој на сите останати полни обележја.

Од друга страна, секундарната аменореа се однесува на жените кои веќе имале редовни менструални крварења, но подоцна дошло до прекин односно изостанок на очекуваното менструално крварење во траење од три до шест месеци а не е докажана бременост.

Покрај основниот симптом на аменореата, отсутност на менструално крварење, останатите симптоми се разликуваат од случај до случај, во зависност од базичниот здравствен проблем кој е предизвикувач на аменореата.

Паралелно со примарниот симптом можно е да се појават главоболки, ноќно потење, раздразливост и анксиозност, пореметување на сонот, промени во телесната тежина, губиток на коса, пореметуваењ на видот и галактореја ( излачување на млеко надвор од периодот на лактација )

Причинителите на аменореата можат да бидат многубројни започнувајќи од хормоналните пореметувања, нездравата телесна тежина, преголемо ниво на стрес, туморни израстоци, абнормалности во работењето на јајниците, генетски недостатоци, употреба на одредени лекови и др.

Лекувањето на аменореата секогаш започнува со лекување на нејзиниот причинител.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk