Лимоновата кора содржи дури десет пати повеќе витамини од самиот сок од лимон

Многумина нутриционисти се согласни околу фактот дека ништо од лимонот не смее да се фрли, ниту пулпата, ниту семките, а особено не кората.

Лимоновата кора содржи дури 10 пати повеќе витамини од самиот сок од лимонот.

Освен антиканцерогеното дејство, целиот лимон помага и при ослободување на телото од токсини, има антигабично и антибактериско дејство, ефикасен е против паразити, го регулира нивото на крвниот притисок, делува како природен антидепресив и одличен е во борбата против стресот и нервните пореметувања.

Замрзнувањето на целиот лимон е еден начин плус како да уживате во неговиот вкус, особено во благодетите на неговата кора.

Непрсканиот органски лимон добро измијте го и ставете го во замрзнувачот. Плодот можете да го исечете на кришки или да го оставите цел. Откако добро ќе се заледи, лимонот можете да го изрендате врз салата, сладолед, житарки, омилениот пијалок и сл.

На тој начин ( доколку не ви одговара вкусот на кората од свежиот лимон ) ќе можете да го искористите целиот плод и при тоа да уживате во освежувачкиот вкус.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk