Лошите оценки не го дефинираат вашето дете

Објавено на: Oct 19, 2016 од Мама Силвана

Секое дете вреди и тоа многу. Нормално секое е различни и има различни вештини и способности. Исто така, секое дете поседува сопствен ритам на учење. Дефинирање на детето на неговите оценки секогаш ќе се претвори во голема грешка која може да ја загрози самодовербата така што ќе се почувствува помалку паметно и дури е дискриминирано како од страна на учителите така и на другарите.

Секој родител кој го притиска детето по секоја цена да добие петка, на детето може да му нанесе штета и болка. Наместо целта да биде да добие најдобра оценка, насочете ја силата да ги забележите доблестите и силните страни на детето со пружање на поддршка секогаш кога ќе наиде на потешкотии.

Детето кое ќе добие лоши оценки од некој предмет не е глупаво. Едноставно некои деца полесно совладуваат одредени предмети додека имаат потешкотии во други. Тоа е нормално, а неуспехот може да зависи од различни фактори.

На пример детето може да има лоши оценки поради начинот на предавање, кој не е адекватен за неговиот стил на учење.

Можеби детето поспоро созрева и не е подготвено да ги сфати сите концепти. Затоа е важно родителите да го запознаат своето дете и да го набљудуваат одвоено од оценките.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…