Лошите страни на медикаментозната терапија кај децата со аутизам

Според статистичките порадоци дури 70% од децата со аутизам се лекуваат со медикаментозна терапија.
Родителите на децата со аутизам сигурно се запознаени со многуте суплименти што што се препорачуваат да бидат воведени како секојдневна помошна терапија за намалување на симптомите на аутистичниот спектар.

Кога станува збор за медикаментозната терапија многу родители ќе се согласат дека некои од лековите не се соодветни за здравствената состојба на детето, дека лековите не функционираат или пак и покрај позитивното делување изобилуваат со несакани појави.

Ако го земеме на пример лекот риспиридон, иако наизглед ги редуцираат емоционалните проблеми, агресијата, хиперактивноста и самоповредувањето кај аутистичните деца овој антипсихотик може да предизвика пореметување на метаболизмот и поспаност.

Според Џералдин Досон, шеф на адвокатскиот одел на групата Autism Speaks, до сега ниту еден од хемиските лекови за аутизам нема моќ во целост да ги надополни недостатоците околу комуникациските способности со кои децата со аутизам се соочуваат, ниту пак можноста за адекватна социјализација.

За да се постигне тоа најдобар третман е бихејвиоралната терапија која мора да се применува секојдневно.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk