Лубеницата најпогодна храна за бремени жени

Објавено на: Sep 16, 2016 од Мама Весна

Покрај тоа што, содржи многу витамини и минерали неопходни за мајката и бебето, лубеницата има корисен ефект врз голем број на непријатни појави кои ја придружуваат бременоста, како гадење и отоци.

Лубеницата е нискокалорична храна – енергетска вредност на 100 грама овошје е само 30 калории. Но, затоа е богата со витамини, минерали, фитокомпоненти и влакна, кои имаат висока хранлива вредност. Таа може да обезбеди енергија брзо, бидејќи скоро сите калории произлегуваат од јаглехидратите. Таа има природни овошни шеќери, кои може да ја задоволи гладта, дури и повеќе, им овозможува на хранливи материи за вашето тело без празни калории. Поголемиот дел од шеќерот во неа(иако содржи само шест проценти шеќер) се во форма на глукоза и фруктоза, кои телото може да брзо да ги апсорбира и да се користат како извор на енергија.

Извор на витамини, минерали, антиоксиданси

Лубеницата е богата со бета-каротен, кој метаболички станува витамин А (важен за здравјето на очите и нормален раст наклетките, а особено за заштита на слузницата), како и витамини Ц и Е . Овие се важни антиоксиданси, кои ги штитат клетките за да се спречи оштетување предизвикани од слободните радикали. Лубеницата има повисока концентрација на ликопен – моќен антиоксидант, од било кое свежо овошје или зеленчук. Исто така е богата со витамини од групата Б, особено витамин Б6, кој го поддржува зачувувањето на имунолошкиот систем, хормони, и правилното функционирање на ЦНС, игра значајна улога во производството на антитела, и е од суштинско значење за метаболизмот. Таа е богата со минерали и: содржи калиум, калциум, магнезиум, манган, фосфор, железо, селен, цинк и бакар. Сите овие хранливи материи се особено важни во текот на бременоста, бидејќи тоа помага во одржувањето нормалното функционирање на телото.

Бројни придобивки за бебето

Бремените жени треба да јадат лубеница колку што е можно повеќе, не само за да се обезбедат хранливи материи за вашето тело, но исто така и за нибно обезбедување за фетусот.

Витамините А, Ц и Б6, како и минералите калиум и магнезиум, се од суштинско значење за развојот на вашето бебе, неговите коски, видот, мозокот, нервниот и имунолошкиот систем, и многу повеќе. Исто така, доза на ликопен е важна за растот на бебето во стомакот.

За подобра крвна слика

Лубеницата содржи иста количина на железо, како спанаќот! Ова е особено важно за бремените мајки, бидејќи на телото му треба повеќе на овој елемент од вообичаеното – за снабдување на плацентата (постелката).  А големиот број на витамин Ц присутни во лубеница овозможува подобра апсорпција на железото, и нејзино искористување. Покрај тоа, бакарот во лубеницата, помага да се формираат црвените крвни клетки. Поради овие карактеристики, јадењето лубеница може да им помогне дури и во случај на блага анемија (слабокрвност)!

Намалување на отокот

Кај некои бремени жена имапоголемо задржување на водата во телото, особено околу глуждовите. Покрај избегнувањето на сол, за мајки се многу погодни природните диуретици. Благодарение на високата содржина на вода, како и лимонска и јаболкова киселина, лубеницатае одличен диуретик, ефикасно го подобрува испуштање на вишокот на течност од телото, особено во комбинација со цитрусните овошја (лимон, портокал, грејпфрут). Ако почувствувате желба за оваа храна во текот на бременоста, можеби вашето тело се обидува да ви помогне да се ослободите од вишокот на вода.

Го олеснува гадењето

Ако јадете лубеница пред појадок или како здрава ужина, успешно ќе ви помагне во намалувањето на чувството на утринската мачнина и повраќањето.Со тоа придонесуватесо високата содржина на вода и овошен шеќер. Некои мајки велат дека мачнинитеим се такви што единствено лубеницата може да им се задржи во стомакот.

Го хидрира телото и штити од УВ зрачење

Лубеницита содржи околу 92 до 95 проценти вода, и таа е идеална за спречување на дехидрација. Свежата лубеницата е богата со калиум (кој помага во функционирањето на мускулите и нервите) и магнезиум – минерали кои помагаат за намалување на мускулни грчеви, кои се често присутни кај бремените жени во третиот триместар. Ова е особено важно во текот на летните месеци, кога повеќе се потите, а со тоа губите на течности, но и ако повраќате поради утринските мачнини. Високото ниво на вода и витамини во лубеница ќе помогне на вашето тело да остане хидрирано, што е важно за спречување на заморот и главоболките во бременоста, и помага да се елиминираат токсините. Земајте парче лубеницата како здрава, лесна ужина. Сок од Лубеница ќе биде вистинско освежување – за да се оладите во жешките летни денови. Исто така, богатата содржина на ликопен помага во спречување на штетните ефекти на сончање – природно го покренува СПФ во кожата и ја регенерира кожата после изложувањето на УВ зраци. Секако, неопходно е да се користи крема со висок заштитен фактор, но неопходно е да се заштити кожата од внатре. Ако лубеницата ја применувате како маска за лицето – тоа ќе се освежи и има ефект на блага намалување на брчките.

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…