Лукот е природен сојузник против настинката

Клиничкото истражување објавено во списанието “Journal of Nutrition” докажува дека две чешниња ситно исецкан лук можат одлично да делуваат во борбата против настинката, ублажувајќи ги нејзините симптоми за само три часа на сосема природен начин.
Од луѓето што учествувале во истражувањето било побарано да изедат околу пет грама лук, по што лекарите по пат на лабораториски анализи проучувале како реагираат гените заслужни за активација на имунолошкиот систем.

Промените во кои се случила активација на белите крвни зрна се случила по само три часа од конзумирањето на лукот.

Исто така, лекарите увиделе зголемена активност на гените заслужни за превенција на развој на канцерогени клетки во телото.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk