Лутиот чај од ѓумбир е најефикасниот природен лек за болно грло

Ако чувствувате дека грлото ве боцка и гребе како да се претворило во кактус, лутиот чај е спасоносниот лек.
За да го подготвите овој чај потребни ви се следниве состојки:

– 1 кафена лажица изрендан ѓумбир
– 1 лажица мед
– сок од еден лимон
– 200 мл врела вода

Свежиот и изрендан ѓумбир прелијте го со врела вода и оставете го да се олади околу 15 минути.

Потоа додека чајот е сеуште млак, процедете го и додадете ги медот и сокот од лимон.
Најдобро е да почнете со конзумација на чајот веднаш штом ќе ги почувствувате првите симптоми на воспалено грло.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk