Луѓето што често јадат свежо овошје и зеленчук се посреќни

Научниците тврдат дека не постои сомнеж во поглед на фактот дека оние луѓе кои што во својата исхрана почесто предност даваат на свежото овошје и зеленчук се во многу подобра здравствена состојба и се чувствуваат посреќни.

Истражувањето кое пристига од универзитетот Харвард додава дека благодетите од овошјето и зеленчукот подразбираат дека со честа консумација ние имаме повисоко ниво каротеноиди во крвниот систем.

Токму тие состојки се главните активатори на „среќното чувство“ што може да не следи во текот на целиот ден.

Податоците покажуваат дека луѓето кои јадат најмалку три порции овошје и зеленчук дневно се посреќни и стојат настрана од ризичните однесувања како што се пушењето и претерувањето во алкохол.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk