Мажите можат да се оженат и без љубов

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Весна

Според последната студија спроведена од сајтот за запознанства Match.com, одговорите на 6000 мажи и жени покажале дека мажите многу почесто стапуваат во брак само за да „поминат на редот“ и да ја имаат сигурноста што ја нуди семејниот живот, односно мажите се склони да склучат брак со човек во кого не се вљубени.

Голем процент од мажите признаваат дека би стапиле во брак со партнерка која има се, што тие сметаат дека треба да поседува една жена и покрај тоа што не се вљубени во неа. Од друга страна, жените не се склони на такви компромиси и само мал дел од нив би се согласиле на ваков брак.

Некои мажи отишле и подалеку, признавајќи дека би се ожениле дури и за жена која не ги привлекува сексуално. Замислете дури 40% од мажите изјавиле дека се во состојба да го кажат судбоносното „да“ на жена кон која немаат никакво сексуално привлекување.

Изненадуваат резултатите, кои покажуваат дека мажите се во состојба да се обидат да засакаат жена кон која немаат никакви чувства, но пак ги исполнува критериумите на општественото мислење како и оние на неговото семејство.

Како заклучок можеме да кажеме дека мажите се решаваат на ваков важен чекор без многу да се раководат од она што им го зборува срцето. Мажите како што се покажа според оваа студија, се раководат пред се од разумот, а чувствата се на втор план.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…