Малиот Јован хуманоста ја покажа од мали нозе

Објавено на: Feb 03, 2016 од Мама Силвана

Јован Дукмеџиев, кој свиреше за малата Ели во центарот на Скопје, за еден ден собра 8.774 денари.Тој ја покажа својата хуманост уште од мали нозе, а со гитарата изгледаше преслатко.

Елена Додевска е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба. Како резултат на нејзината состојба, Ели седум години од детството ги минува живеејќи во болница одделена од своето семејство во придружба само на книгите кои ги обожава.

Семејството е истрошено од долгогодишната борба и нема средства за да го продолжи лекувањето, кое доколку се прекине може сериозно да ја искомплицира состојбата на Ели.

Да донираме на:

070/143-111 – само за корисниците на Телеком

077/143-775 – само за корисниците на ВИП

075/143-114 -само за корисниците на ОНЕ

Сметка за Ели: -Денарска 300001000024155 Комерцијална банка

Елена Додевска -Девизна

Dodevska Elena IBAN: MK07300307063080823 BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X KOMERCIJALNA BANKA


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…