Малите деца знаат да станат но не и да седнат самостојно

Дали сте го приметиле тој интересен факт дека многу деца кога проодуваат знаат да станат но не знаат да седнат?

Колку и да изгледа зачудувачки, сепак факт е дека станувањето, односно застанувањето на нозе е инстинкт кој децата го следат. Патем, полесно е да се стане од удобната позиција на сигурните родителски раце, отколку да се седне самостојно на нешто што изгледа многу ниско.

Очекувано, децата во просек околу десеттиот месец од животот веќе ги прават првите обиди да застанат на нозе придржувајќи се за нешто од нивната непосредна околина. Но, што се случува потоа? Детето обично останува зачудено бидејќи спуштањето во седечка позиција не е вроден инстинкт туку активност која мора да се учи низ пракса и голема доза концентрација.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk