Мармалад од мандарини

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Кате

Рецепт – мармелад од мандарини

за: 5-6 тегли од пола литар

2-3 кг мандарини
3-4 кори од мандарини
1 рендана кора од непрскан лимон и 1 кора од непрскан портокал
шеќер со природна арома на портокал или лимон – 50 гр
шеќер со цимет – 50 гр
1 – 2 лажици кафен шеќер, мед или стевија
1-2 лажици џемфикс – може но и не мора
Излупете ги сите мандарини, а кората од 3-4 мандарини исецкајте ја на ситни парчиња па сварете ја во вода 10 минути да бидат меки.

Излупените мандарини пресечети ги на полобинки и проверете дали имаат семки. Ако имаат – отстранете ги, па ставете ги во блендер иќи сецкалицата.

Мандарините ставете ги во лонец во кој ќе го припремате мармаладот (користете плиток а широк со дебело дно), додадете ванилин шеќер со цимет и арома од портокал или лимон, според ваш вкус додадете уште некој засладувач (кафен шеќер, мед или стевија) и на тивок оган повремено мешајте. Од површината со лажица соберете ја пената и фрлете ја.

Ренданата кора од лимонот и портокалот, додадете ја кај мандарините. Со лажица извадете ги од водата сварените кори од мандарините и сега додадете ги во смесата со мандарини.

Ако сакате пред крај на мармаладот можете да додадете две лажици џемфикс зада се згусне.

По половина час, спремете ги стаклените теглички, предходно поминати 5минути во врела вода за да бидат стерилни.

Кога мармаладот е доволно густ (околу 40 минути) така топол, наполнете ги стаклените тегли и затворете ги добро.

На здравје!


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…