Маска за коса од аспирин за сјајна коса

Денес жените имаат на располагање огромна палета производи за нега и одржување на косата. Но и покрај тоа тие не престануваат да изнаоѓаат начини за разубавување на истата.

Една од несекојдневните употреби на аспиринот е токму за подобрување на изгледот на косата.

Тој може да го отстрани претераното мрсење на косата и да ја направи мека и сјајна. Кај многу жени третманот со аспирин помогнал дури и за отстранување на проблемот со првутот.

Аспиринот можеме да го сместиме во групата на производи со брзо дејство бидејќи тој не дејствува врз коренот на косата па да му треба време да стигне дотаму, туку само врз влакното.

Можете да го користите така што ќе да додадете 4-5 таблети аспирин (андол), кои ситно ќе ги искршите, во маската за коса.

Сепак наједноставниот начин е да иситните 2-3 таблети и да ги измешате со потребната количина шампон. Нанесете ја оваа смеса на косата и оставете да делува 2-3 минути пред да ја измиете.

Голем број од познатите личности како Џенифер Анистон воопшто не кријат дека го користат овој трик за одржување на косата.

Најдобриот начин за користење на овој третман е еднаш неделно. Важно е да се знае дека аспиринот претставува ацетилсалицилна киселина и не се препорачува кои имаат сува,тенка и оштетена коса.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk