Маслото од мента ја лекува главоболката

Постојат многу причинители кои допринесуваат за појава на главоболки кои во зависност од многу фактори варираат во интензитетот.

Доколку станува збор за главоболка која што е предизвикана од лоша циркулација и недоволен проток на хранливи материи и глукоза до мозокот тогаш една обична масажа може да ви помогне.

Нежно масирајте го делот кај носниот крст, пределот околу очите и делот кај слепоочниците.

За да се подобри циркулацијата потребно  е да го измасирате и делот кај вратот и рамената, при тоа зафаќајќи го и делот позади ушната школка. При изведувањето на оваа масажа користете масло од мента.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk