Мафини со овошен јогурт-вкусот одредете го вие

Неверојатно вкусен овошен десерт.

 

Потребни состојки
– 2 јајца
– 100 г шеќер
– пола шолја масло за јадење
– 2 мали пакувања овошен јогурт ( со вкус по желба )
– 200 грама брашно
– половина кесичка прашок за пециво
– еден прстофат сол
– малку путер
– 4 лажици мармалад ( вкусот на мармаладот пожелно е да биде ист со вкусот на овошниот јогурт )

 

Начин на подготовка
Јајцата и шеќерот се мешаат со миксер се додека не се добие густа смеса. Додадете ги во смесата маслото, јогуртот и брашното помешано со прашок за пециво и сол. На крајот во смесата се додава мармалдот и се меша со дрвена лажица.Калапите за мафини намрсете ги со со путер а потоа набрашнете ги. Смесата распоредете ја рамномерно во калапите, за да зафаќа 2/3 од калапот. Мафините печете ги во претходно загреана рерна на 180 C 25 минути.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk