Мајчиното млеко е различно за девојчињата и момчињата

Истражувањта за мајчиното млеко покажале дека мајките произведуваат млеко со 35 проценти повеќе масти и протеини за машките бебиња, додека во млекото за девојчиња има помалку маснотии, но повеќе калциум.

Научниците откриле дека мајката произведува млеко со различен состав зависно од полот на детето.

Создавањето на млекото има директно влијание на растот и развојот на детето, но и на неговото однесување и темперамент и затоа стручните лица сметаат дека природата го создава мајчиното млеко како идеален пијалок кој ќе ги задоволи специфичните потреби на бебето од одреден пол и генетски склоп за здрав раст и развој.

-Имаме причина да бидеме скептични кога се работи за замена на мајчиното млеко – вели професорката Кејти Хинди од Харвард.

Нејзините истражувања на мајчиното млеко покажале дека мајките произведуваат млеко со 35 проценти повеќе маснотии и протеини за машките бебиња, а тој процент е уште поголем кога се работи за првородено машко бебе.

Во млекото за девојчиња има помалку маснотии, но повеќе калциум кој помага за побрз развој.

Научниците, исто така, укажуваат дека мајките произведуваат повеќе млеко кога имаат женско дете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk