Мајчиното млеко може да содржи дури 700 видови корисни бактерии

 

Од мајчиното млеко во голема мера зависи воспоставувањето на здравата цревна флора кај бебињата.

Тоа во својот состав може да содржи до 700 видови на корисни бактерии. Оваа бројка може драстично да опадне доколку мајката има вишок на килограми. Исто така, научниците на Мадридскиот универзитет, сметаат дека бројката на корисни бактерии може да се намали доколку мајката се породила со царски рез, но тоа намлување сепак е незначително.

Цревната флора кај бебињата се создава додека се сеуште во стомакот на мајката, а се развива по раѓањето со помош на исхраната. Најуспешно и најбрзо, цревната флора кај новороденчето може да се формира преку мајчиното млеко. Доколку бебето се храни со вештачко млеко тој процес секако ќе биде успешен, но ќе биде потребно малку подолго време.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk