Мајчинството го зголемува интересот за здравиот начин на живот

Бременоста многу често го зголемува интересот кај трудницата за практикување на здрав начин на живот. Тоа резултира со позитивни промени во начинот на исхрана, откажување од пороците и практикувањето на редовната физичка активност.

Најчесто, овие промени остануваат да траат и по породувањето, особено во периодот кога мајката го дои своето бебе.

Според едно американско истражување во кое биле следени повеќе од 600 трудници, во периодот од бременоста и две години потоа, докажано е дека дури 80% од идните мајки ги промениле своите прехрамбени навики – почесто конзумирање на свежо овошје и зеленчук, како и создавање навика за редовно појадување.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk