Медитеранската храна е извор на здравје

Со последните спроведени истражувања научниците  заклучле дека со конзумација на маслиново масло и морска храна позитивно се влијае на нашето ментално здравје.

Инаку јадењето на медитеранска храна подразбира редовно јадење на овошје, зеленчук, риба, маслиново масло и јаткасти плодови, за кои е докажано дека ја намалуваат шансата за разболување од некои хронични болести. Истражувачите тврдат дека во главните оброци никогаш не треба да изостануваат житарките, овошјето и зеленчукот, и дека треба да се пие најмалку еден литар вода дневно. Главниот извор на маснотии е маслиновото масло, а се препорачува умерена конзумација на вино, риба, немасно месо и јајца. На дното на пирамидата на медитеранската исхрана се шеќерот, слатките, колачите и слатките сокови. Тие треба да се конзумираат ретко и во мали количини.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk