Медот помага против запек

Доколку празнењето на цревата изостанува и по два до три дена, односно ако вие се чувствувате тешко, потечено, стомакот ви е подуен и имате болки или грчеви тогаш најверојатно имате проблем со констипацијата-затвор.
Најлесен начин да ги решите проблемите со затворот е да користите лаксативни средства, но пред се треба да внимавате на изборот на храна или одредени лекови кои ги земате како редовна терапија.

Постојат многу природни начини како да го надминете овој проблем. Доколку не боледувате од дијабетес, медот може значително да ги елиминира симптомите на затвор создавајќи природен лаксативен ефект во организмот.

Во чаша ладна вода растворете една лажица мед и пијте ја наутро на празен стомак.

Внимавајте, водата мора да биде ладна, а медот целосно растопен затоа што во топла вода растопениот мед придонесува за сосема спротивен ефект од посакуваниот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk