Мед и камилица-комбинација која помага да ги победите упорните акни

Откако ќе го измиете лицето со неутрален сапун нанесете ја оваа ефикасна маска од мед и камилица која со редовна употреба сигурно ќе ви помогне да се решите од непријатните акни по лицето.
Потребни ви се ладен 30 мл чај од камилица, една лажица мед, едно јајце и 20 грама брашно.

Сите состојки добро промешајте ги, а потоа нанесете ја маската на чисто лице.

Оставете ја да делува околу десетина минути. На крајот, измијте го лицето без сапун со млака вода.

За само неколку дена третман со оваа маска ќе ги забележите првите резултати.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk