Миризливата тоалетна хартија е опасна по здравјето

Управата за храна и лекови во Америка во 1987 година вовела револуција во козметичката индустрија со забраната за користење на одредени бои и мириси откако на животните е приметена почеста појава на тумор кога биле изложени на нив..

Иако технологијата е напредната од тогаш, сеуште е голема загриженоста во врска со користењето на обоениот и миризлив тоалет.

Рак на грлото на матката

Се претпоставува дека непосредното влијание на бојата на тоалет хартијата на женските репродуктивни органи може да резултира со поголем ризик за развивање на рак на грлото на матката.

Ректални проблеми

Користењето на обоена и миризлива тоалетна хартија може да доведе до воспаление и чешање на ректалната област. Освен тоа , многу добра навика е од време на време да го проверите изгледот на столицата, за навреме да забележите појава на крв во неа. Обоената тоалетна хартијаго отежува забележувањето на тие проблеми, особено кога шарите на него се во црвена боја, бидејќи кога е водена, многу е лесно може да изгеда како да има крвави траги на неа. Токму тие траги се еден од знаците за ракот на дебелото црево, а користење на црвена хартија може да значи дека ќе ги пропуштите знаците.

Инфекции на мочниот канал

Обоената тоалетна хартија може да биде многу иритирачка за вагиналната област, па нејзиното често користење предизвикува појава на инфекција на мочниот канал.

Габична инфекција

Едно од прашањата кои геникологот треба да ви ги постави кога имате габична инфекција е дали користите обоена хартија за тоалет. Експертите ги поврзале овие две работи.

Здрава околина

Додавање на бои и мириси на тоалетната хартија ја загадува околината. Користење на бела или неизбелена тоалетна хартија, е мал но значаен придонес во зачувување на животната средина.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk