Мирисот на бебето и помага на мајката да го преброди стравот

Сигурно сте слушнале дека мирисот на бебето во првите неколку месеци по породувањето, на мајката и помага да се соочи со стравовите и грижите, и да тоа е точно.

Јапонските експерти од Универзитетот Нагасаки,  врз основа на експеримент во кој се тестирани сетилата за мисрис на 38 жени утврдиле дека навистина мирисот на бебето ја смирува мајката и позитивно влијае врз неа.

Експериментот се спровел така што мајките со покриени очи ја мирисале облеката која ја носеле бебињата и онаа која ја носеле мажите.

За тоа време им бил сниман делот на мозокот за рационално размислување.

Жените кои неодамна се породиле, без грешка веднаш ја препознале облеката на бебето, а тие кои немаат деца, биле прецизни во 60% од случаевите. Додека ја мирисале машката гардероба, двете групи покажале сличен резултат, прецизност во 70%, а слична им била мозочната активност.

“Промените упатуваат на заклучок дека по породувањето работата на мозокот се менува. Мирисот на бебе на мајката делува како стимуланс, ги поттикнува да бидат одговорни, да се грижат за децата и стравуваат за нив.”

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk