Мирисот на лимон делува благотворно врз работата на мозокот

Докажано, лимонот го намалува стресот, го успорува процесот на стареење, го чисти организмот и ја ублажува и најупорната главоболка.
Зачувајте ја витката линија со помош на секојдневно консумирање на сок од лимон.

Секое утро пијте по една чаша свежо цеден сок од лимон помешан со две изблендирани јаболка и малку вода. Овој напиток ќе ви помогне да не се грижите за проблемите поврзани со можното зголемување на телесната тежина.

Ако ве боли главата натопете две гази со сок од свежо исцеден лимон и ставете ги на челото или слепоочниците. За многу кратко време ќе почувствувате како болката се намалува.

Ако после долго одење ве болат нозете, истријте ги табаните со пола лимон и ќе го решите проблемот. Свежиот лимонов сок ќе го намали чувството на болка и ќе ја забрза циркулацијата.

Мирисот на лимон докажано делува благотворно врз работата на мозокот, ја зголемува концентрацијата, го ублажува стресот и симптомите на депресија. Релаксирајте се вдишувајќи го мирисот на лимон од вата на која сте капнале неколку капки есенцијално масло од лимон.

Секако, да не ја заборавиме и неговата непроценлива вредност од аспект на одржување на јакиот имунолошки систем. Богатството од витамин Ц го зајакнува организмот во борба против настинките и грипот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk