Митови за интимните фризури во кои не треба да веруваме

Објавено на: Jun 16, 2016 од Мама Весна

Кога зборуваме за срамните влакненца и одржување на интимното подрачје, постојат различни вкусови.

Но, одлуките за изгледот и одржувањето на интимните зони често зависат и од приказните и разните совети, кои честопати не се вистинити.

Ова се 5-те најчести митови за интимните фризури и срамните влакна во кои жените не треба да веруваат:

Срамните влакна штитат од полово преносливи болести

Всушност, комплетно спротивно. Интимните влакна, особено ако ја прекриваат целата срамна коска се совршено место за развој на бактерии. Влакненцата содржат одредена количина на влага што ги прави совршено место за размножување и задржување на микроорганизми од кои некои се причинители на полово преносливи болести.

Срамните влакна го намалуваат сексуалното задоволство

Иако некои жени ги отстрануваат срамните влакна за максимално да ги почувствуваат допирите од партнерот, други тврдат дека нивниот природен изглед е одговорен за постигнување оргазам. Но, кога овој феномен го набљудуваме од научно гледиште, постојат податоци кои велат дека срамните влакна се своевиден начин за возбудување на мажите.

Всушност, лојните жлезди сместени под кожата произведуваат безмирисна материја која во комбинација со бактерии кои се развиваат измеѓу влакнената создаваат феремони – хормони на секс, страст и пријатно чувство кои припадниците на појакиот пол ги привлекуваат како магнет.

Бојата на срамните влакненца е иста како и природната боја на косата

Уште еден стар мит во кој веруваат поголемиот дел од мажите. Всушност, срамните влакна воопшто не мораат да бидат исти, дури ни слични како косата затоа што станува збор за потполно друга структура на влакното.

И иако некои жени имаат разлики во едвај забелижителни нијанси, кај други бојата може да биде потполно поинаква. Но, срамните влакна можат да се споредат со еден вид влакна на женското тело – веѓите.

Срамните влакна растат како и косата

Овој необичен мит сигурно ќе развесели бројни жени. Иако ги отстрануваме, непосакуваните влакненца секогаш се враќаат на „местото на злосторството“. Ако ги оставиме природно да растат тие нема да растат во недоглед како косата, туку ќе постигнат одредена должина и тогаш ќе престанат.

Жените со чувствителна кожа не смеат да ја бричат бикини зоната

Иако станува збор за мит, во оваа теза има и малку вистина, барем кога станува збор за пристапот. Всушност, интимната зона сама по себе е подрачје на чувствителна и тенка кожа, која секоја грубост може да ја иритира. Жените кои имаат премногу чувствителна кожа можат да се бричат, но би требало максимално да се информираат и подготват.

За да избегнете иритација и воспаление, многу е важно да одберете квалитетна пена или крема за бричење која е блага за кожата, но блага и на бричот. Бричот мора да биде чист и остар, а препорачливо е да имаат 3 или повеќе жилети.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…