Млечна кашичка со пченкарно брашно и мед

Вкусен и здрав оброк за бебиња постари од една година.

Потребни состојки:
-200 мл.млеко
– 4 кафени лажички пченкарно брашно
– 2 кафени лажички мед

Начин на подготовка: Млекото и медот се мешаат и се варат. Во подлабока чинија растворете го пченкарното брашно со малку млеко. Кога млекото што се вари ќе зоврие постепено му се додава раствореното пченкарно брашно. Постојано се меша за да не се создадат грутчиња. Се вари 15-тина минути.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk