Моето дете не јаде солена храна

 

 

При можноста да изберат сладок или солен оброк, многу мали деца се одлучуваат за првата опција, што на родителите им создава причина за загриженост.

Лекарите велат, не е нужно детето да јаде солена храна во вистинска смисла на зборот, доволно е таа да биде без никакви додатоци што е во согласност со националната акција за намалување на количината на сол во храната.

На детето понудете му оброк во рамките на семејните оброци но без додатоци. Ако одбие не инсистирајте. Понудете по извесен период повторно, по можност истата храна што ја јадат и останатите членови од семејство, само без дополнителен додаток на сол, запршка или останати силни зачини.

Впрочем, како што и ние возрасните имаме желба кон одредена храна, а од друга страна пак одбиваме храна која не ни се допаѓа истото се случува и кај децата. Затоа дајте му време на детето да ги запознае вкусовите и да одлучи што му се допаѓа.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk