Може ли бракот да опстои без секс

Кога ќе нема веќе секс во бракот, веќе сте во големи проблеми. Ако не и најважен на светот, но не нерешлив. Секако, постојат реални и важни причини зошто изостанува секс во бракот, а тоа може да биде и раѓање на дете, нега за стари и немоќни родители, стрес на работа, болест…И сосема е нормално во такви ситуации да страда сексуалниот живот. Но, ако таквата ситуација продолжи, од голема важност е да се поставите рационално и да направите промени пред бракот целосно да се наруши.

Понекогаш, недостатокот на секс може да биде поттикнат од вознемиреност или немир во себе, а можна е и минливост на привлекувањето, физичка и емотивна оддалеченост, стрес како и многу други причини. Во такви ситуации многу важно е брачните парови да бидат заедно и првенствено да имаат разбирање еден за друг, како и да работат на својот однос.

Ви претставуваме некои работи на кои би требало да внимавате за да спречите некои ситуации кои брачниот живот може да ги донесе, но, исто така, едни на други и секогаш и во сите моменти да си давате поддршка и охрабрување и кога ќе застане (во сите околности, па така и во сексуалните). Еве некои од тие совети…

Сменете ги вашите работни навики

Често ги поминувате вечерите во работа наместо тоа време да го поминете еден со друг? Иако на прв поглед се чини безопасно, воопшто не е. Времето за вас може да биде да биде многу корисно. Разговарајте, испијте чаша вино, погледнете филм. Дури и да не работите нешто заедно цела вечер, бидете заедно дома.

Не престанувајте со (не) намерните допири

Физичките допири на сите нас многу ќе ни значат, а особено малку е потребно за да ги направите. Бакнеж, насмевка, допир…Се се тоа суптилни знаци кои ќе им помогнат на брачните партнери да воспостават „нова“ врска и контакти, па така ќе се зближат како некогаш.

Вратете ги сексуалните моменти во секојдневието

Сетете се на почетоците, разговарајте, разбудете ја љубовта едни во други. Зошто да не се туширате заедно? Да направите романтична вечера за двајцата? Да го изненадите со секси долна облека? Таквите работи не би смееле никогаш да престанат, особено не во бракот. Треба постојано да ги одржувате, а токму тие се подстрек да се одржи секс во бракот, а првенствено да се одржи романсата и довербата кои на тој начин се создаваат.

Флерт

Кажете му на сопругот колку го сакате. Понекогаш тие зборови можат да го заменат страствениот и неверојатен секс, а ќе ве поврзе на еден прекрасен начин. Флертот е неизбежен во секоја врска, немојте никогаш да го занемарите, туку само да го надополнувате.

Разговор со експерт

Иако кај нас ова не е случај и повеќето луѓе се уште на тоа гледа како табу, разговорот со експерт е сосема нормална работа. Тој низ разговорот и погледите на својата професија може да ви даде конкретни совети како и во која насока да се насочите ако веќе дошло до ситуација кога не знаете (или не можете) да ја решите сами.

И за крај…Бидете свесни дека бракот не е само секс, туку првенствено пријателство и романса која треба секогаш да се одржува. Не се плашите да ги покажете и откривате емоциите едни на други и по многу години брак. Гледајте на бракот како на игра и забава – никогаш не престанувајте да уживате еден со друг кај и да ве одведат ситуациите во животот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk