Може ли да ви помогне сокот од брусница

Иако многу жени сметаат дека овој сок е лек кој помага при уринарни инфекции, новото истражување покажува дека грешат.
Во истражувањето спроведено од страна на Националниот институт за здравје во Велика Британија се наведува дека „нема докази“ кои докажуваат дека брусницата помага при лечење на уринарниот тракт. Исто така, лекарите апелираат дека е погрешно лекувањето на своја рака, особено во случаеви кога се чувствува голема болка, тие заклучуваат дека користењето антибиотици не смее да се избегнува. „Поголемиот број инфекции се лекуваат со антибиотици, но пред се треба да ги користиме паметно“, рече Марк Бакер, кој резултатите од ова истражување ќе ги искористи, и ќе ги вметне во новото издание на Здравствениот водич.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk