Можни причинители за неплодност кај партнерите

Неможноста партнерите на природен начин да добијат потомство подлежи на низа медицински дијагностички процедури со цел да се открие причината што доведува до таа несакана ситуација.

Според Американското здружение на гинеколози и акушери, најчеста причина за неможноста еден пар да зачне е запушувањето на јајцеводите кај жената  или ендометриоза.

Најтежок степен на машки стерилитет е азооспемијата кога спрематозоидите можат да се најдат само во седиментите на спермата.

Исто така, како причинители на неможноста да се зачне по природен пат се наведува и синдромот на полицистични јајници, отсуството на овулација а понекогаш и постоењето на тумори на матката кои мораат да бидат отстранети пред да се пристапи кон вештачко оплодување.

Сепак кај дур 30 % од паровите кои што се соочуваат со овој проблем не може да се утврди причинителот. Во тој случај тие се групираат во категоријата на идиопатски стерилитет.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk