Мозокот на мајките кои дојат доживува неверојатен микс од позитивни промени

Многу истражувања докажале дека мозокот на мајките кои дојат доживува неверојатен микс од промени кои доведуваат до вистинска промена во начинот на однесување и делување со помалку страв, подобро помнење, поголема среќа и сл.
Најголемата промена која влијае не само врз мајчиниот мозок туку и врз целото тело на доилката е зголеменото излачување на окситоцин-хормнот на среќата. Секако, тој не се излачува само кај оние мајки кои дојат, туку неговото зголемено излачување започнува уште во времето на породувањето, кога мозокот на жената се подготвува за нејзината најважна животна улога-мајчинството.

Во периодот на доењето излачувањето на овој хормон дополнително се активира со што значително се намалува нивото на стрес.

Амигдала е оној дел од мозокот кој е одговорен за доживување на емоциите. Промените што се случуваат врз амигдалата која уште се нарекува и центар на стравот придонесуваат таа постепено да се активира се помалку што значи дека доилката ќе се чувствува смирено и без страв и вознемиреност ќе одговори на сите барања на нејзиното малечко.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk