Мотивацијата е секогаш подобра опција од казнувањето на децата

Целта на воспитувањето на децата е да ги научиме кое однесување е позитивно и прифатливо за дадената ситуација. Децата ќе научат како да се однесуваат само ако ние родителите им покажеме како.
Казнувањето на децата може да им укаже на тоа што тие не треба да го прават, но не и да ги усмери кон тоа што треба да го направат, односно може да им помогне да сфатат кое однесување е негативно но не и да им покаже како треба позитивно да се однесуваат.
Само подучувањето и насочувањето од страна на родителот може да има адекватен и долготраен ефект.
Насочувањето кон правилното однесување е многу подобра опција од казнувањето на детето
Токму затоа е многу важно родителот да биде реален во очекувањата- сепак не смееме да заборавиме дека децата се сепак само деца и сосема е нормално да се однесуваат како деца.
На детското недолично однесување не треба да се гледа секогаш како на лоша способност за расудување. Она што возрасните го гледаат како однесување недолично за моменталната ситуација, за децата е всушност начин како да научнат нешто ново експресирајќи ги чувствата што во моментот ги познаваат.
Тоа е вистински момент кога родителите треба со пример да му посочат на детето како треба да се однесуваат и да ја контролираат својата лутина или фрустрација доколку постои.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk