Моторни вештини со кои располагаат бебињата од раѓањето до шестиот месец од животот

Развојот на моторните вештини кај децата е многу значаен дел од нивниот целокупен развој.

Добрата контрола над моториката кај децата им помага да го истражуваат светот околу нив, да ја развијат својата самодоверба и општиот конгитивен сегмент од развојот.

Грубите моторички вештини опфаќаат способност за придвижување и контрола на големите мускули на рацете, нозете и сл.

Фините моторички вештини опфаќаат способност за придвижување и контрола на малите мускулни групи како на пример мускулите на дланките и сл.

Бебињата од нивото раѓање до третиот месец од животот, во поглед на нивните мотирички способности можат:

– да ги кренат и задржат рацете во височина
– да се обидат да се подигнат на раце кога лежат на стомачето
– да ја отворат и затворат дланката
– да ја донесат раката до устата
– да ги помрднат нозете од некоја површина кога се возбудени

Во периодот од четвртиот до шестиот месец од животот бебињата со константен и здрав развој на моториката имаат способност:

– да ги користат рацете за приджување додека се обидуваат да седнат
– да се превртуваат од грб на стомак и обратно
– да земат играчка од нивната непосредна близина
– да ги принесат двете раце кон устата
– да ги користат двете раце во држењето на играчката

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk