Моќни или сакани – кој е вашиот избор

Иако семејниот живот може да биде многу напорен и исцрпувачки, сепак животот богат со децата и брачниот партнер секогаш ве преобразува во подобра личност.

Навлечени од монотонијата на обврските кои ги извршувате секојдневно, можеби ќе си помислите дека вашиот семеен живот е сосема обична приказна. Сите имаат семејство, имате и вие, сите го прават истото што го правите и вие.

Од пелените до тинејџерските солзи на вашето дете, сето тоа на моменти може да ви делува како испуштена можност за некое поголемо достигнување во животот. Но размислете, дали тоа е навистина така?

Дали навистина повеќе би сакале да бидете познати, богати, влијателни и моќни личности или пак би сакале да бидете сакани?

Велат, родителството е професија а бракот уметност која постојано се усовршува. Прифатете го фактот дека и во двата случаи треба да учите, постојано животот ви сервира нови лекции што прифаќајќи ги ве прават позрела, постабилна личност која секогаш е подготвена да сака.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk