Моќта на куркумата

Некои од позначајните карактеристики на куркумата поради кои таа се препорачува како превентива и лек за најразлични состојби, болести, тегоби и пореметувања, се:

Содржи куркумин, соединение кое ја поттикнува работата на системот за дишење

Антихистаминско дејство, заради што го намалува ослободивањето на хистамин во телото

Ги ублажува сезонските и акутни алергии

Има моќно противвоспалително и антибактериско дејство

Го јакне имунолошкиот систем и ги контролира реакциите на имунолошкиот систем на алергените

Ги ублажува симптомите на болестите на системот за дишење, особено на астмата

Куркумата е многу лесно да се воведе во секојдневната исхрана. Прав од куркума можете да додавате во речиси сите јадења, вклучително и смути, снегулки, супа, варива или салати.

Еве неколку рецепти кои ќе ви овозможат лесно да ја воведете куркумата во секојдневната исхрана.

Млеко од куркума

Често се користи за ублажување на симптомите на алергија, особено на надразнетоста во грлото. Млекото се пие наутро и навечер.
Рецептот за млеко од куркума побарајте го тука.

Чај од куркума, лимон и мед

Чајот е добар за ублажување на алергиите, подобрување на работата на системот за дишење и ублажување на симптомите на воспалението на синусите.

Рецептот за чај од куркума, мед и лимон побарајте го тука.

Напиток од куркума и маслиново масло

Овој напиток ќе ги ублажи симптомите на алергиите, а може да помогне и за ублажување на симптомите на болестите на системот за дишење, како што е астмата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk