Намалена функција на тироидната жлезда и бременост

 

Намалената функција на тироидната жлезда и бременоста имаат многу заеднички симптоми како што се зголемување на телесната тежина, чувството на замор и отоци на екстремитетите.
Стандардните функционални тестирања преку лабораториски анализи успешно ја дијагностицираат оваа состојба разграничувајќи ја од бременоста дури и ако постои.

И во текот на бременоста, хипотироидизмот се лекува со помош на медикаментозна терапија.

Дополнителниот внес на хормони е сигурна постапка за здравјето на плодот бидејќи тие не поминуваат преку постелката во циркулацијата на бебето.

Од друга страна, по породувањето, сосема мал дел од овие хормони се излачува во мајчиниото млеко. Поради незначителноста на овој дел присутен во мајчиното млеко нема никаква опасност по здравјето и развојот на новороденчето кое се храни преку исклучиво доење.

Сепак, треба да се напомене дека нормалната функција на тироидната жлезда е важна за адекватно производство и излачување на млеко во дојките.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk