Намалете го апетитот на сосема природен начин

Постојат неколку начини како на сосема природен пат да го намалите апетитот.
– Јадете поголема количина на растителна храна
Зеленчукот и овошјето се богати со растителни влакна и имаат релативно помалку калории. Влакната од овој вид на храна допринесуваат подолго да се одржи чувството на ситост и да се намали апетитот.
– Пијте вода пред да јадете ( но не и додека јадете )
Ако пробате да го сузбиете гладот со помош на чаша вода тоа ќе ви помогне бидејќи водата брзо поминува низ дигестивниот тракт. Но истовремено, поради тоа што нема никакви хранливи материи кои би можеле да се преработат за десетенина минути чувството на глад повторно ќе се појави.
– Јадете поспоро
На нашето телу му се потребни во просек околу дваесетина минути да сфати дека е сито. Ако јадеме пребргу тој сигнал ќе дојде подоцна а веќе ќе внесеме непотребна количина на храна.
– Зголемете го внесот на протеини
Многу научни студии потврдуваат дека протеините го намалуваат апетитот. Се смета дека третина од калориите што ги внесувате во организмот треба да бидат од протеинска исхрана доколку сакате да ослабнете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk