Намалете го ризикот за спонтан абортус

Само еден витамин може да помогне да се спречи развојот на вродени недостатоци кај ембрионите и бебињата, а тој воедно обезбедува и здрава бременост, откриле австралиските научници. Станува збор за витаминот Б3.

Научниците велат дека ова откритие е едно од најважните во подрачјето на истражувањето на бременоста и нивното сознание ќе го трансформира начинот на кој здравството се грижи за идните мајки.

Австралиските научници истражувале 12 години зошто некои деца се раѓаат со дефекти на срцето, бубрезите или р’бетот.
Откриле дека витаминот Б3, кој инаку го има во зеленчукот и месото, може да ги лечи молекуларните дефициенции кои го спречуваат растот на органите на ембрионот и правилниот развој на бебињата во матката.
„Ова има потенцијал значително да се намали бројот на спонтани абортуси и вродени недостатоци кај бебињата во светот. Овие зборови не ги кажувам туку така” – истакна биомедицинскиот истражувач професорката Сели Данвуди од Институтот Victor Chang Cardiac Research, во Сиднеј.
Во просек, секоја четврта жена доживува спонтан абортус, додека годишно се раѓаат околу 7,9 милиони бебиња со сериозни вродени недостатоци. Секоја година умираат околу 3,3 милиони деца до пет години токму поради вродени недостатоци, најмногу срцеви, од кои е погодено секое стото бебе.
Нивните истражувања покажаа дека додавањето на витаминот Б3 во прехраната на бремени глувци целосно ги спречува спонтаните абортуси и дефекти, а бебињата се раѓаат совршено здрави, пишува Скај њуз.
Истражувачите велат дека следен чекор е да се развие тест кој ќе идентификува кои жени се под најголем ризик да имаат бебе со вроден недостаток и потоа да им се обезбеди доволна количина на витамин Б3.
„Веруваме дека е ова големо откритие и сигурно ќе биде едно од најголемите австралиски медицински достигнувања. Многу е ретко да се најде проблемот и да се обезбеди решение во исто време. Тоа е всушност двојно откритие” – рече проф. Роберт Грахам, извршен директор на Институтот во кој е спроведено истражувањето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk