Намалете ја постојаната желба за храна

Гладни сте, а сметате дека не би требало да бидете гладни? Пробајте со следните трикови за да го „измамите“ желудникот и да ја намалите претераната желба за храна.
Пијте вода

Понекогаш само сме жедни кога мислиме дека сме гладни. Но, дури и да не е така, водата сепак дава чувство на ситост. Пијте 2 литри вода дневно, меѓу оброци.

Јадете храна богата со протеински влакна

Храната полна со протеински влакна како јаболка, компир, интегрални житарици, бргу ќе ви даде чувство на ситост.

Мали оброци

Гладот можете да го надминете и со чести, но мали оброци кои не дебелеат. Грицкајте морков или целер, направете си овошна салата, пијте јогурт.

Јадете интегрална храна

Интегрален леб, житарици – тие не предизвикуваат претерано лачење на инсулин како прости јаглен хидрати (шеќери), а даваат долготрајно чувство на ситост и задоволство.

Помалку сол

Наместо сол, користите зачини кои ќе и дадат некаква арома на храната. Јадете супа, оброкот почнете го со густа супа од зеленчук. Супата содржи вода и влакна, па дава чувство на ситост. Најмногу се препорачува супа од домати.

Јадете побавно

За нашиот мозок да заклучи дека сме сити потребни се 20 минути. Затоа, јадете полека и уживајте во храната.

Внимавајте на своите потреби за витамини и минерали

Понекогаш недостатокот на некој витамин може да биде причина да ви се појави желба за некоја храна. На пример, недостатокот на витамин Б може да резултира со желба за шеќер и скроб.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk